СРД прославува 15-годишен јубилеј PDF Печати Е-пошта

Jubilej_na_SRD_15_godini

 

Во 2012 година, СРД го прославува своето 15-годишно постоење. Основан на 5 септември 1997 година,СРД е најстарото регулаторно тело во Р. Македонија и едно од најстарите регулаторни тела за медиуми воопшто во Југоисточна Европа.

 

На 5-ти септември 2012 година, СРД одржа свечена седница, на која присуствуваа сегашните и поранешните членови на СРД, а се обратија и претседателите на СРД од минатите 15 години.

 

Актуелниот претседат��л на СРД, м-р Зоран Трајчевски, ја даде насоката кон која ќе се движи СРД до следниот јубилеј: „Не можеме да говориме за слободни медиуми, доколку не гарантираме нивна целосна независност преку правилно регулирање на пазарот и имплементација на законите. СРД, преку одлучноста да ги реши крупните прашања ќе продолжи да дава придонес кон унапредувањето на слободата на изразување во Р. Македонија. Целта е конкурентен и одржлив медиумски пазар, којшто на граѓаните ќе им нуди квалитетни и разнородни медиумски содржини. Само оние медиуми коишто финансиски се самоодржливи имаат потенцијал да им одолеат на политичките и економските притисоци и на тој начин да придонесуваат кон унапредување на демократијата во општеството.“

За успесите и постигнувањата на СРД беше изготвена и свечена монографија, којашто на ретроспективен начин го бележи растењето на СРД како институција.

 

Монографијата е достапна и во електронска верзија (.pdf)

 

Исто така, во соработка со Македонската радио-телевизија беше изработен и документарен филм – ретроспектива на изминатите 15 години.