Оператори PDF Печати Е-пошта

Преземи список на оператори на јавни комуникациски мрежи за пренос на аудио-визуелни содржини (ажурирано на 06.07.2012)

 

Операторите на јавни комуникациски мрежи ги пренесуваат аудио-визуелните содржини (телевизиски и радио содржини, аудио и вид��о услуги на барање, платена телевизија и сл.) преку различни телекомуникациски платформи (аналогни или дигитални (DVB-C) коаксијлни или оптички кабли, бакарни телефонски водови (IPTV), безжични дигитални земски (DVB-T) или сателитски (DVB-S) мрежи и други до крајните консументи – публиката.

 

Без разлика на која платформа се пренесуваат содржините и без разлика на тоа дали начинот на нивниот пренос е аналоген или дигитален, операторите на јавните комуникациски мрежи мораат нивните програмски пакети да ги регистрираат во Советот за радиодифузија. На овој начин регулаторот за медиумски содржини – Советот за радиодифузија – ги штити авторските права на создавачите на аудио-визуелните содржини и осигурува плуралистички амбиент и програмска разноликост во аудио-визуелните содржини, што се реемитуваат низ јавните комуникациски мрежи.

 

Во Македонија оперираат неколку типа на оператори на јавни комуникациски мрежи:

 

- Кабелски (аналогни и DVB-C)
- IPTV
- DVB-T

- DVB-S