За Советот PDF Печати Е-пошта

Советот за радиодифузија е независно регулаторно непрофитно тело со јавни овластувања во радиодифузната дејност. При остварувањето на своите надлежности, кои се утврдени со Законот за радиодифузната дејност („Службен весник на РМ“ бр.:100/2005), Советот се грижи за обезбедување на слободата и плурализмот во изразувањето, за постоењето разновидни, независни и самостојни медиуми, за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност.

Повеќе...
 
Надлежности PDF Печати Е-пошта

Советот за радиодифузија, согласно член 37од Законот за радиодифузната дејност (Службен весник на РМ бр.:100/2005) ги врши следниве работи:

Повеќе...
 
Претседател на Советот PDF Печати Е-пошта

На 8 февруари 2008 година, за претседател на Советот за радиодифузија на РМ е избран Зоран Стефаноски. Тој е член на Советот од април 2006 година со мандат од шест години.

Господин Стефаноски е дипломиран машински инженер кој во својата кариера повеќепати бил инволвиран во радиодифузијата, како во примерите со основањето на Студентско радио во Скопје, основањето на VOICE OF AMERICA (VOA Europe) во Прилеп и работењето на позиција главен и одговорен уредник на Мартел ТВ - Прилеп.

Повеќе...
 
Членови на Советот PDF Печати Е-пошта

Советот за радиодифузија е составен од девет члена кои ги бира Собранието на Република Македонија согласно Законот за радиодифузната дејност.

Повеќе...
 
Организација на стручната служба на Советот PDF Печати Е-пошта

 

Стручно-административните работи на Советот за радиодифузија ги врши стручна служба. Во согласност со надлежностите и обврските произлезени од Законот за радиодифузната дејност. Советот, на 29.12.2006 година, донесе Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места и задачите.

 

Работните места во Стручната служба и условите потребни за нивно вршење работите и задачите се дадени во табеларен преглед. Правата и обврските на вработените во стручната служба се уреду­ваат во согласност со закон, колективен договор и општите акти на Сове­­тот.

Повеќе...