- Статус на отворени позиции:
нема отворени позиции
1. Соработник во Секторот за правни работи, 1 (еден) извршител на определено време 3 (три) месеци.
Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место под реден број 1, треба да ги исполнувааат и следните услови, и тоа:
• Висока стручна спрема (VII/1), Правен факултет;
• Без работно искуство;
• Познавање на англиски јазик;
• Оспособеност за работа со компјутер.
2. Соработник во Секторот за технологии и информатика, 1 (еден) извршител на определено в��еме 3 (три) месеци.
Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место под реден број 2, треба да ги исполнуваат и следните услови, и тоа:
• Висока стручна спрема (VII/1), Електротехнички факултет - Насока електроника - телекомуникации;
• Без работно искуство;
• Познавање на англиски или германски јазик;
• Оспособеност за работа со компјутер.
3. Соработник во Секторот за економско-финансиски работи, 1 (еден) извршител на определено време 3 (три) месеци.
Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место под реден број 3, треба да ги исполнувааат и следните услови, и тоа:
• Висока стручна спрема (VII/1), Економски факултет;
• Без работно искуство;
• Познавање на англиски јазик;
• Оспособеност за работа со компјутер.
4. Внатрешен ревизор во Одделението за внатрешна ревизија, 1 (еден) извршител на обука на определено време од 6 (шест) месеци.
Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место под реден број 4, треба да ги исполнувааат и следните услови, и тоа:
• Висока стручна спрема (VII/1 степен), Правен факултет/Економски факултет;
• Познавање од областа на внатрешната ревизија, надворешната ревизија или финансиите;
• Познавање на англиски јазик;
• Оспособеност за работа со компјутер.
Кандидатите, кон молбата, треба да ги достават следните документи:
• писмо на мотивација;
• диполома за завршено високо образование;
• уверение за државјанство;
• потврда или уверение за активно познавање на англиски јазик (или германски јазик за работното место под реден број II);
• потврда или уверение за оспособеност за работа со компјутер.
II. Кандидатите за работните места за кои се објавува овој јавен оглас пожелно е да поседуваат и добри комуникациски способности, способност за развивање на добри меѓучовечки односи, иницијативност и способност за тимска работа.
Секој од учесниците на јавниот оглас има право да достави и друга документација за сопствено презентирање.
Потребната документација кандидатите ја доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
III. Огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот во дневниот печат.
Советот за радиодифузија како работодавач ќе изврши избор од пријавените кандидати-учесници на јавниот оглас во рок од 1 работен ден по истекот на рокот за пријавување.
Некомплетните и ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.
Документите се доставуваат на адреса на Советот за радиодифузија на Република Македонија, ул.”Маркс и Енгелс” бр.3, 1000 Скопје (деловен простор “Агромеханика” АД Скопје), или на архивата на Советот за радиодифузија од 08.00 до 16.00 часНема
|