ТОП ТЕМИ


Clenovi_na_SRD_Strategija_1.jpg
Новата Стратегија за развојот на радиодифузната дејност треба да поттикне нови инвестиции на медиумскиот пазар
Над 80 учесници од НВО-секторот, државните институции, националните агенции и други локални чинители улествуваат на јавните состаноци, што ги организира Советот за радиодифузија на РМ, а кои имаат цел драфтирање на новата петгодишна Национална стартегија за развој на радиодифузната дејност за периодот 2013-2017.
Покрај унапредувањето на медиумскиот плурализам и слободата на изразување, целите на стратегијата се да го охрабрат економскиот развој на медиумскиот пазар, да ја унапредат медиумската писменост во земјата, особено во конвергентно медиумско опкружување. „Новите услуги коишто се нудат на медиумскиот пазар, паментните телевизори и интерактивните аудио-визуелните услуги на радиодифузната индустрија и’ даваат мноштво на можности за медиумска публицистика и иновативност. Меѓутоа, сите овие нови трендови мораат да обезбедт механизам за заштита на малолетниците, што е една од нашоте главни задачи“ – рече претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски.
Дигитализацијата на телевизиските услуги во Р. Македонија од 2009 година се наоѓа во т.н. „фаза на премин“, а целосното исклучување на аналогниот телевизиски сигнал е планиран за јуни 2013. Додека досегашната стратегија го трасираше патот кон дигитализацијата на ТВ услугите, нова стратегија ќе го заокружи целиот процес преку поставување на една од главните стратешки определби на македонското регулаторно тело за медиуми: охрабрување на медиумските компании да пронаоѓаат новомедиумски произвдои и нови публицистички жанрови: „Ние сме динамична и амбициозна работна група и најмногу од се’, сме ориентирани кон иднината. Новите технологии со себе носат ново-медиумски услуги, како што е хибридна телевизија, мобилна телевизија, комплементарни и интерактивни медиумски услуги итн.... од регулаторна перспектива сакаме да охрабриме нови инвестиции во секторот на новите медиуми, коишто ќе ја зголемат вработеноста во медиумската индустрија и кои на медиумските компании ќе им дадат дополнителен финансиски поттик, што за возврат ќе придонесе кон зајакнување на нивната независност; истовремено, мораме предвид да ги земеме потребите и желбите на публиката и ние соодветно да одговориме на нив во нашите регулаторни стратешки определби.“ – вели м-р Методија Јанчески, лидерот на тимот, што ја подготвува стратегијата.
СРД спроведе две одвоени репрезентативни истражувања на публиката на ниво на целата држава , со цел да се покаже, до која мера општата јавност е подготвена за исклучување на аналогниот телевизиски сигнал, колку пари е спремно населението да плати за набавка на дигитален телевизиски рисивер, како и за нивните ставови и преференции во однос на програмите на радиодифузерите. Лидерот на работната група, г. Јанчески: „Бидејќи повеќе од половина од вкупното население користи широкопојасен интернет, мораме да создадеме регулаторни стратешки насоки, коишто ќе стимулираат нови инвестиции во областа на новите медиуми и да ги охрабриме постоечките медиумски компании да се развиваат хоризонтално, значи да обезбедуваат комплементарни медиумски услуги. Ние како тело за регулација на електронските медиуми исто така имаме задача да охрабруваме инвестиции во оние подрачја, каде што интересот за инвестирање е на ниско ниво, како што се руралните населени места.“
Со јасно поставена цел, стратегијата е планирано да биде усвоена во декември оваа година, а нејзиното спроведување се очекува да започне со почетокот на 2013.
dvb-t2-logo.jpg
Teleshopping.jpg
mobilna_televizija.jpg
dvbt2.jpg
operatori_monitoring.jpg
 
Вработувања PDF Печати Е-пошта
- Нема отворени позиции