Заштита на малолетници - Правилник и Коментар кон Правилникот |
|
|
|
Советот за радиодифузија на Република Македонија, на 3-та седница одржана на 09.02.2007 година, донесе Правилник за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој.
Со овој Правилник се определува начинот на категоризација, облиците на акустично и визуелно предупредување, како и временските периоди во кои можат да се прикажуваат радио и телевизиски програми што можат штетно да влијаат врз физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите.
Правилникот е објавен во „Службен весник на РМ“ бр.21/07 од 22 февруари 2007 година.
Со цел да обезбеди усогласеност во сфаќањето и примената на Правилникот, Советот изработи и Коментар кон Правилникот.
|